Македонија
12. October 2022 - 16:36

Нови учебници во ноември најавува министерот Шаќири

Новите учебници ќе бидат готови на почеток од номеври, до тогаш ќе се користат наставните материјали. Министерот уверува дека обезбедиле средства за печатење на овие учебници за прво, второ, четврто и петто одделение и тие ќе бидат испрачани до сите училишта. Но и оваа учебна година родителите реагираа дека сите ученици не добиле материјали и учат од скрипти.

„Некои учебници на друга седница ќе се одобрат од Националниот совет. И гледам позитивна енергија во ова. И затоа јас уште, пак ќе кажам, ние се подготвуваме и Советот кој го најавив каде се вклучуваат многу институции е за да ги поврземе институциите, да ги имаме податоците, да знаеме како можеме да го решиме тој проблем кој е долгогодишен.“

Токму недостиг на податоци за образованието е пречка за реализација на новите реформи во образованието, посочуваат од здруженито за истражување, кои ја анализираа состојбата во училиштата во 11 општини. Нивниот заклучок е дека новата концепција за основно образование не се спроведува рамноправно во сите училишта. Во некои училишта нема елементарни услови за настава.

Имплементирањето на концепцијата ги истакнало многу недостатоци, особено во материјалите за учење. На учениците од помалите етнички заедници им е ускратено уставното право, за учење на мајчин јазик.

Директорот на бирото за развој на образование вели дека во тек е анализа за тоа како се спроведува новата концепција од минатата година, а како институција се фокусирале на изработка на материјалите и одржување обуки за наставниците.