Банки
Комерцијална банка ги подготвува младите од СОС Детско село за успешнa иднина

Бидејќи секој млад човек заслужува образование, вработување и успешна иднина, Комерцијална банка се вклучи во проектот „Младите можат“ на СОС Детско село за да им помогне на овие младинци да се вклучат во деловниот свет.
Со огромно задоволство и силен ентузијазам вработените во Комерцијална банка ќе им пренесат знаење, вештини, информации и корисни совети на 30 младинци, со цел тие да го започнат своето полнолетство со потребното ниво на знаење, самодоверба и независност.
„Нашата мисија ја започнавме со подготовка на девет младинци како да ги направат првите чекори за успешно вработување – да направат соодветно CV за вработување, да се подготват за интервју за вработување, да се запознаат со оперативни работни активности во конкретни организациони единици и да веруваат дека секогаш постојат компании и тимови каде што ќе може да се пронајдат и да бидат добредојдени.
Продолжуваме понатаму со поддршка и помош и на останатите млади лица кои се под грижа на СОС Детско село и кои веќе се соочени со потребата да се вработат и да постигнат поголема социјална инклузија во сите сегменти од живеењето. Комерцијална банка, како општествено одговорна компанија, останува посветена на помагање на граѓаните кои се под социјален ризик затоа што e полесно заедно да ги надминеме предизвиците и да живееме во поубав свет”, велат од Комерцијална банка.
Банки
Експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 2 август

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 2 август (сабота) поради празникот Илинден.
“Ги известуваме нашите клиенти дека за подигнување и уплата готовина може да ги користат банкоматите на Банката, а за други финансиски трансакции на располагање ги имаат веб и мобилните апликации Интернет банка и мБанка“, велат од Комерцијална банка.
За корисниците на платежни картички, 24/7 во Скопје се отворени дигитализираната експозитура на Комерцијална банка на улица Македонија и дигиталните делови од експозитурите ГТЦ, Бисер, Буњаковец, Ист Гејт Мол, Ѓорче Петров, 11 Октомври, Автокоманда, Драчево и Лептокарија и во експозитурите и филијалите во Дебар, Неготино, Прилеп, Куманово, Струмица, Охрид, Кавадарци, Струга, Гевгелија и Тетово Илинденска.
Банки
Советот на Народната банка го усвои најновиот Квартален извештај − најважните сегменти од економијата се во согласност со очекувањата

Советот на Народната банка на својата редовна седница го усвои Кварталниот извештај за второто тримесечје од 2025 година.
Во Извештајот се истакнува дека, во текот на вториот квартал, Народната банка го задржа внимателниот пристап во водењето на монетарната политика и не направи промени во основната каматна стапка, соодветно на условите во економијата.
Во однос на остварувањата на основните макроекономски показатели, во првиот квартал од годината растот на домашната економска активност е стабилен, со стапка којашто е приближно иста со проектираната според априлскиот циклус проекции, а најновите високофреквентни податоци за вториот квартал упатуваат на натамошен раст на економската активност. Годишната стапка на инфлација забави во второто тримесечје и се сведе на 3,5%, сепак е малку повисока во споредба со очекувањата од април. Надворешната позиција на економијата е стабилна и во склад со очекувањата, при умерен дефицит на тековната сметка во првото тримесечје од 2,1% од БДП, а нивото на девизните резерви и натаму е во безбедната зона и обезбедува соодветна поддршка за одржување на стабилноста на домашната валута.
Монетарните податоци покажуваат натамошен солиден раст на депозитите и на кредитната активност. Имено, банките и натаму обезбедуваат кредитна поддршка за домашната економија, посилна од очекувањата, при посилен раст и на депозитната база. И натаму се бележат поволни придвижувања од аспект на рочната и валутната структура на штедењето (раст на денарските и долгорочните депозити), одразувајќи ги ефектите од мерките преземени од страна на Народната банка и стабилизираните очекувања на економските субјекти.
Економските услови и натаму се под влијание на неизвесноста, односно ризиците поврзани со надворешното окружување сѐ уште се изразени, а неопходно е натамошно следење и поголема претпазливост во однос на политиките коишто влијаат врз побарувачката во домашната економија и врз ценовната динамика. Народната банка како и досега внимателно ќе ги следи макроекономските податоци и ризиците и ќе ги презема сите неопходни мерки користејќи ги сите расположливи инструменти за одржување на стабилноста на девизниот курс и на ценовната стабилност.
На седницата на Советот беше усвоена Годишната информација за плаќањата во земјава за 2024 година, како и Годишниот извештај за извршениот надзор над платните системи во 2024 година, коишто покажуваат дека зголемената употреба на дигиталните решенија за извршување на плаќањата придонесе за солиден годишен раст на бројот на безготовинските плаќања во текот на 2024 година од 12,7%. Растот во поголем обем произлегува од плаќањата со платежни картички, a се забележува солиден раст и на плаќањата со кредитни трансфери (платни налози). Притоа, кај платежните трансакции со платежни картички е остварен годишен раст од 14,3%, а кај платежните трансакции остварени со кредитните трансфери растот изнесува 9,8%.
Банки
Со Халкбанк добивате повеќе: Бесплатни услуги, паметни пакети и премиум искуства

Без разлика дали сте примател на плата, пензија или млад корисник на HalkЕz пакетот – да се биде клиент на Халкбанк значи секојдневно да добивате повеќе. Повеќе слобода, повеќе удобност, повеќе безбедност и пристап до услуги кои ви го олеснуваат животот, а притоа штедите време и пари.
Халкбанк за своите клиенти овозможува бројни услуги кои се целосно бесплатни, како на пример подигнување готовина без провизија од сите банкомати во земјата, без разлика на банката. Исто така и електронското и мобилното банкарство се со нула трошоци со кои обезбедувате едноставно, брзо и безбедно управување со вашите средства. На овој начин можете постојано да ја следите состојбата на сметката, како и за плаќањата и трансакциите во движење, при што добивате информации преку СМС за извршени трансакции.
Халкбанк се погрижи да обезбеди погодности за секоја генерација.
За младите до 29 години, HalkEz пакетот значи почеток на финансиска независност со поддршка – со бесплатна трансакциска сметка, мобилно банкарство, картичка и други поволности.
За пензионерите, Халкбанк обезбедува сигурност и почит, преку редовна и навремена исплата на пензијата, како и преку специјалниот Пакет за пензионери кој е со бројни бенефиции – достапни услуги, бесплатни трансакции и поддршка при секојдневните банкарски потреби.
За вработените кои ја примаат својата плата преку Халкбанк, отворени се сите можности на Смарт пакетот – комплетно банкарско решение кое ги обединува најчесто користените услуги во еден месечен пакет. Тука се вклучени бесплатно водење на трансакциска сметка, бесплатна дебитна картичка, бесплатно мобилно и електронско банкарство, бесплатни месечни известувања и бесплатно подигнување готовина на сите банкомати во земјата. Исто така, пакето носи и поволности при одобрување потрошувачки и хипотекарни кредити. Овој пакет е наменет за сите кои сакаат едноставност, флексибилност и контрола врз своите финансии – во секој момент и од било каде.
За оние што што бараат повеќе, тука се Премиум пакетите. Премиум картичките Mastercard World Debit, Mastercard World Credit, Visa Platinum и Visa Gold на Халкбанк носат ново ниво на искуство. Со нив добивате приоритетен пристап до аеродромските VIP Lounge салони ширум светот, во кои ќе најдете сè што ви е потребно за мирен старт на патувањето, удобни места за седење, бесплатни освежувања и пијалаци, Wi-Fi, електрични приклучоци, весници, и она најважното, а тоа е мирот.
Преку Премиум картичките добивате пристап и до иновативните ORYX услуги, кои ви нудат поддршка на пат (ORYX на пат) во случај на незгода или потреба од влечна служба, како и домашна поддршка преку ORYX мајстори, кои се тука за вас за сите поправки и итни интервенции во домот – електричари, водоводџии, бравари и повеќе.
Со Халкбанк, добивате многу повеќе од обична банкарска услуга – добивате партнер кој е тука за вас во секој чекор. Со транспарентни услуги, практични решенија и постојана грижа за клиентите, Халкбанк останува доверлив финансиски партнер – независно од вашата возраст, статус или стил на живот.
ПР објава
-
Банкипред 1 месец
Стопанска банка АД – Скопје назначи нов Генерален директор за финансии и член на Управниот одбор
-
Продуктипред 3 недели
Apple Pay доаѓа во Македонија: Подготовките се во тек, стартот се очекува наесен
-
Банкипред 2 недели
Оставка на член на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје
-
Банкипред 1 недела
Промени во составот на Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
-
Банкипред 4 дена
Промени во Надзорниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје – кој е новиот член што носи меѓународно искуство и визија за финансискиот развој на Банката!?
-
Останатопред 3 недели
Промени во Надзорниот одбор на ПроКредит Банка АД Скопје
-
Банкипред 1 недела
Надзорниот одбор на НЛБ Банка Скопје со одлуки за промени во составот и бројот на членовите на Управниот одбор
-
Фондовипред 3 недели
Промени во Надзорниот одбор на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје