Салман Ружди објавува нов роман, шест месеци по нападот

06.02.2023 14:17
Салман Ружди објавува нов роман, шест месеци по нападот

Шест месеци по нападот, британскиот автор Салман Ружди во вторник ќе го објави својот нов роман “Град на победата” - „епска приказна“ за жена од 14 век која му пркоси на патријархалниот свет за да владее со градот.

Романот е напишан пред нападот со нож, кој се случи во Њујорк, во кој писателот за малку ќе го загубеше својот живот. Романот кој се чини како превод на историски еп, оригинално напишан на санскрит, кој ја раскажува приказната за младото девојче сираче, Пампа Кампани, кое добило магични моќи од божицата и која го основала градот Биснаг во денешна Индија, што во превод значи Град на победата.

Неговото ново дело ја следи хероината во мисијата „да им даде на жените еднаква слобода на дејствување во патријархалниот свет“, се вели во синопсисот на издавачот Penguin Random House.

„Во текот на следните 250 години, животот на Пампа Кампана станува длабоко испреплетен со животот на градот Биснаг, буквално од сеење на магични семиња од вреќа до трагичната смрт на најчовечкиот начин: поради дрскоста на оние што се на власт“, се додава.

Романот завршува со изјавата: „Зборовите се единствените победници“.

Во вторник романот ќе излезе во САД, а во четврток во Британија. Ружди (75) нема да го промовира својот 15-ти роман поради неговата здравствена состојба, иако неговиот агент Ендрју Вајли за „Гардијан“ изјави дека „закрепнувањето напредува“.

Извор: Time

ОкоБоли главаВицФото