Судски совет утре ќе бира нов претседател

2. 01. 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Судски совет утре ќе бира нов претседател

Судскиот совет утре ќе избира нов претседател, по оставката на поранешната претседателка, Весна Дамева, која беше депонирана пред еден месец.

Оставката на Дамева следеше по серија на контроверзии и обвиненија за недостаток на поддршка од извршната и законодавната власт, како и за обиди за нарушување на нејзиниот интегритет од страна на високи функционери.

Изборот претходно беше одложен поради комплетирање на составот на Советот со избор на два нови членови од редот на судиите.

Советот е составен од 15 члена, а претседателот се бира со најмалку осум гласови од членовите со право на глас.

Премиерот Христијан Мицкоски и парламентарците продолжуваат со најавите за реформирање на Судскиот совет, вклучувајќи распуштање на членовите избрани од Собранието.

Европската Комисија, пак, изрази загриженост за ваквите најави, посочувајќи дека распуштањето на Советите би можело да ја поткопа независноста на судството.

Од Европската Комисија препорачуваат зајакнување на Судскиот совет преку ревидирање на законодавната рамка и неговата функционалност.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата