
Во Штип ќе се заврши изградбата на Клиничката болница, ќе се гради нов Медицински факултет и студентски дом, истакна во вечерашното гостување во “Топ Тема” на телевизија Телма вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, зборувајќи за намената на парите од британскиот заем.
„На овие проекти додаваме целосна реконструкција на Клиничката болница во Тетово, како и изградба на целосно нова болница во Кичево, заедно со целосно нов Здравствен дом. За сите проекти се добива сума од некаде 190 милиони евра, за сите заедно“, рече Николоски.
Во однос на условите за заемот вицепремиеорт појасни:
„Дефинитивно ќе добиеме рок на отплата над 15 години и многу поатрактивно од она што како услов го има Србија на пример. Србија сега гради автопат Белград-Сараево со каматна стапка 3,5 отсто. Ние ќе имаме доста пониска“, истакна Николоски.