Шест кандидати за наследник на Постекоглу на тренерската позиција во Тотенхем
- Главните кандидати за замена на Анџе Постекоглу на позицијата главен тренер на Тотенхем се Томас Франк од Брентфорд и Андони Ираола од Борнмут, објавува „Телеграф“.

Лондон, 7 јуни 2025 (МИА) - Главните кандидати за замена на Анџе Постекоглу на позицијата главен тренер на Тотенхем се Томас Франк од Брентфорд и Андони Ираола од Борнмут, објавува „Телеграф“.
Дополнително, на списокот на управата на лондонскиот тим се и: Марко Силва од Фулам, Роберто Де Зерби од Марсеј, Оливер Гласнер од Кристал Палас и Маурисио Покетино од репрезентацијата на САД.
Постекоглу беше тренер на Тотенхем од 2023 година. Во Премиер лигата во сезоната 2024/25, Спарс освоија 38 бода и го зазедоа 17. место на табелата.
Тотенхем стигна и до финалето на Лигата на Европа, каде што го победи Манчестер јунајтед (1:0). За клубот, овој трофеј беше прв од 2008 година. зс/
Фото: ЕПА