logo
logo
logo

Чашата вода до кафето првично не била за пиење

Vecer | 07.03.2025

Чашата вода до кафето првично не била за пиење

 Но, имајте предвид: Има и места каде што, ако нарачате вода со кафето - и таа ќе се најде на сметката.

Занимливо е што чашата вода до кафето првично не била за пиење.

Пиењето кафе се појавило во 16. век. Турците и народите во Отоманскиот Султанат наскоро го прифатиле, но во Западна Европа оваа секојдневна навика се појавила многу подоцна - на крајот на 19. век. Во „викторијанската ера“, дамите од високите класи се жалеле дека имаат „проблеми“ со лажицата со којашто се меша шеќерот во кафето... Им сметало - извалканата лажица да ја ставаат на работ од тацната.

Многумина го сметале овој потег за „нецивилизиран“ и нималку „елегантен“, па рестораните почнале да служат и чаша вода покрај шолјата кафе. Водата за заплакнување на лажичката пред да ја стават на тацната.

И во денешно време, кога ќе добиете чаша вода до кафето, тоа се смета за добар манир. Но, не секаде е така.  

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk