Радио Милева чиста десетка

Никогаш не изгледала позгодно: Мартија Станојковиќ на роденденот доби честитки со најубави желби, а со мини фустанчето ги собра и сите погледи (ВИДЕО)

Никогаш не изгледала позгодно: Мартија Станојковиќ на роденденот доби честитки со најубави желби, а со мини фустанчето ги собра и сите погледи  (ВИДЕО)

Дваесет и едно годишната  пејачка Мартија Станојковиќ секогаш блеска, особено кога за тоа има и посебен повод, како што беше нејзиниот роденден.

Мартија на прославата која ја организирала по повод роденденот сјаела како вистинска ѕвезда која го ужива сето внимание на гостите кои ги поканила.

Пејачката се појавила во ултра краток, фустан со длабок отвор кај градите кој го потпишува ателјето „Митроф“, а во прв план беа истакнати нејзините витки долги нозе.

Мартија со оваа креација покажа дека одлично и прилегаат ваквите фустани, но секако долгите и тесни здолништа не се исклучок, бидејќи младата пејачка има тело за чиста десетка.

Младата кумановка позирала и со најважната личност во нејзиниот живот – нејзината мајка Снежана, која изгледа неверојатно добро, а за која во една прилика изјави дека е нејзината најголема емотивна поткрепа.

Мартија  ги дувнала свеќичките со затворени очи и веројатно тогаш си ја замислила и роденденска желба, па и преостанало  само да посака да и се оствари и секако,  да биде  среќна.

Патем, на роденденот покрај најблиските од семејството и нејзиниот интимен круг, меѓу гостите беа присутни  и нејзините најверни соработници, композиторите и продуценти Роберт Билбилов и Дарко Димитров.

Мартија не откри дали од нив добила материјални подароци и какви, ама затоа можеби наскоро ќе открие каква песна некој од нив и направил… И тоа во најкраток рок, за добар хонорар или за „ Happy Birthday“ наместо подарок!?

 

фото: printscreen/instgaram/justrbproduction и martijastanojkovic

To top