Економија
ИНДУСТРИСКОТО ПРОИЗВОДСТВО ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ ПОВИСОКО ЗА ДВА ОТСТО
30.04.2025
Индустриското производство во Македонија во периодот јануари – март 2025 година, во однос на периодот јануари – март 2024 година, е зголемено за два отсто. Индустриското производство во март 2025 година е зголемено за 5,2% во однос на март 2024 година. Индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во март 2025 година, во однос на март 2024 година, бележи опаѓање од 1,5 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 4,8%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 12,9 %, објави Државниот завод за статистика.
Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на тутунски производи, Производство на хартија и производи од хартија, Печатење и продукција на снимени медиуми ...
Според главните индустриски групи, производството во март 2025 година, во однос на март 2024 година, бележи пораст кај Енергија за 13,8 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 24,3 % , додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 8,4 %,Трајни производи за широка потрошувачка за 8,6 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,0 %.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари – март 2025 година, во однос на периодот јануари – март 2024 година, изнесува 102,0.