Македонија

За три години откриени над 31.000 фалсификувани евро монети во Македонија

Автор: Владимир Николоски

28 мај 2025, 06:30

Само во минатата година биле откриени вкупно 6.181 парчe фалсификувани монети на евра

Од останатите валути, забележани се вкупно 21 фалсификувана монета

Лани се бележи и значителен раст и на фалсификуваните книжни денари

За три години откриени над 31.000 фалсификувани евро монети во Македонија

Depositphotos

Владимир Николоски

Како и во претходните години, и во текот на 2024 година има појава на релативно големи количини  фалсификувани монети на евра, информира Народната банка во годишниот извештај. Лани биле откриени вкупно 6.181 парчe фалсификувани монети на евра, од кои 4.738 парчиња во апоен од две евра и 1.443 парчиња во апоен од евро евро. Од останатите валути, забележани се вкупно 21 фалсификувана монета.

„Блумберг Адрија“ веќе пишуваше дека во 2022 година во земјава биле откриени вкупно 13.983 парчиња фалсификувани монети на евра, и тоа 13.583 парчиња во апоен од две евра, 321 парче во апоен од едно евро и 79 парчиња во апоен од 50 центи. Во 2023 година биле откриени вкупно 11.489 парчиња фалсификувани монети на евра, од кои 11.122 парчиња во апоен од две евра и 367 парчиња во апоен од едно евро. Математиката покажува дека во периодот 2022-2023 година се откриени вкупно 31.653 фалсификувани монети на евра.

Еврата најзастапени и меѓу откриените фалсификати на книжни пари

Инаку, во годишниот извештај од Народната банка информираат дека во однос на извршените експертизи на доставените сомнителни книжни пари деноминирани во странски валути во 2024 година, од вкупно 549 направени анализи се утврдени 291 фалсификуванa парa и 258 оригинални пари. Во вкупниот број фалсификувани книжни пари, најзастапени се книжните пари во евра (214 парчиња) и американски долари (70 парчиња).

Depositphotos
 

„Општата оцена е дека фалсификуваните книжни пари имаат релативно лош квалитет на изработка, што овозможува едноставно и лесно откривање и утврдување на нивните карактеристики“, наведуваат од Народната банка.

Оттаму објаснуваат дека при експертизата на техниката на изработка на фалсификуваните книжни пари, утврдено е дека тие се изработени главно на обична хартија, без доволно заштитни елементи, со користење компјутерска техника (скенирање и печатење) или, пак, со користење фотокопир во боја.

Стоденарката омилена меѓу фалсификаторите

При експертизите на доставените сомнителни книжни пари деноминирани во денари, коишто се извршени во текот на 2024 година, се утврдени 501 фалсификуван примерок (наспроти 32 утврдени фалсификувани книжни пари во текот на 2023 година). Во вкупниот број откриени фалсификувани книжни пари во 2024 година, најзастапен е апоенот од 100 денари ‒ 464 парчиња, или 92,6 проценти од вкупниот број фалсификати, потоа следат апоенот од 500 денари ‒ 15 парчиња, или 3 проценти од вкупниот број фалсификати и апоенот од 2.000 денари ‒ 12 парчиња, или 2,4 проценти од вкупниот број фалсификати. Од НБМ нагласуваат дека во вкупниот број утврдени фалсификувани книжни пари не влегуваат фалсификатите коишто се запленети пред да бидат пуштени во оптек.

МИА
 

„Најголемиот дел од фалсификуваните примероци на банкноти му припаѓаат на еден ист тип фалсификат со апоенска вредност од 100 денари. Овој тип фалсификат може лесно да се препознае преку едноставна проверка на заштитните елементи коишто задолжително ги поседуваат автентичните банкноти со истата апоенска вредност“, посочуваат од Народната банка. 

Вкупната вредност на фалсификуваните денари изнесува 83.900 денари и има незначително учество во однос на вкупната вредност на парите во оптек.

„Општо земено, појавата на фалсификување на нашата парична единица е многу ниска, а ризикот за граѓаните и за пошироката јавност да дојдат во контакт со фалсификувана пара е минимален“, наведуваат од централната банка.

Вашата претплата не може да се зачува. Ве молиме обидете се повторно.
Вашата претплата е успешна.

Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...

Сите новости од рубриката Економија

Економија

Славески: Треба да се актуализира прашањето за личен банкрот
Македонија

Славески: Треба да се актуализира прашањето за личен банкрот

Гувернерот Трајко Славески рече дека не може до бесконечност да се толерираат луѓе што не во состојба да ги намируваат своите обврски, отворајќи ја можноста за дискусија за воведување личен банкрот.

22.07.2025

Автор: Мирјана Јовеска

сите новости од рубриката Економија

Регистрирајте се за да продолжите со читање. Регистрирајте се

Продолжете со читање со одбирање на една од опциите подолу

БЕСПЛАТЕН НАЛОГ

Прочитајте го овој и уште четири други текстови (не се однесува на премиум текстови)

Бесплатен билтен

Регистрирај се

Претплата

Неограничен пристап до премиум содржина на сите 5 портали

Неограничен пристап до ТВ и видео содржина

Ексклузивни приказни и анализи од Businessweek Adria

Истражете ги понудите

Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористивте еден бесплатен текст.

Го цениме вашиот интерес за веродостојни информации. Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Добијте неограничен пристап денес

Продолжете

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Истражете ги понудите

Вашите конкуренти веќе го знаат ова. Дали ќе останете тивки?

Приклучете се сега за само 11 € месечно!

Истражете ги понудите