Втора прошетка низ архитектурата од пред земјотресот – едукативна тура за промоција на книгата „Артемушкин и Скопје“
07.05.2025 • Информации

По големиот интерес и успех на првата промотивна тура, со задоволство ве покануваме на нова прошетка низ архитектонското творештво на Иван Артемушкин – овојпат во пролетна атмосфера.
Настанот има за цел да го доближи до јавноста проектот и публикацијата „Артемушкин и Скопје“, дело на авторите Мартин Ефремовски и Ноеми Чаусидис.
Турата ќе се одржи оваа недела – 11-ти мај, во 12:00 часот, и ќе започне од фонтаната Лотус на влезот во Градскиот парк.
Прошетката е целосно бесплатна, но регистрацијата е задолжителна преку следниот линк.
Бројот на места е ограничен – пријавените по редослед ќе имаат приоритет.
Воедно, со радост ве известуваме дека вториот тираж на книгата е веќе во печат и наскоро повторно ќе биде достапна за продажба.
Сите што сакаат да ја набават или да ги следат следните активности поврзани со „Артемушкин и Скопје“, оставете ја вашата e-mail адреса преку следниот линк: Пријава за повеќе информации

Автор на статија: Ноеми Чаусидис
Артемушкин и Скопје / градски палати / едукативна тура / Иван Артемушкин / Старо Скопје