
Планинарите од ДПС Лисец од Штип го освоија врвот Арарат (Agri Dagi) (5317 метри надморска висина) во Турција.
Од ДПС Лисец објавија дека експедицијата,,АРАРАТ 2023,,5.137 надомрска височина, највисокиот врв во Р.Турција е успешно завршена.
Членови на ДПС Лисец во освојувањето на овој врв беа Трајче Алексов, Билјана Спаскова, Милорад Ангелов и Тоше Ристов.
Тие го освоија највисокиот врв во Турција на 19.07 во 06.25 часот по локално време, и со тоа станаа првата штипска-планинарска експедиција кој го искачи овој врв.
Воедно ова се меѓу првите членови на штипското планинарско друштво во неговото седумдеесет годишно постоење на кои им успеа ова.
Искачувањето траеше 5 дена во тешки временски услови од температурна разлика од + 36 до до -25 степени на самиот врв и ветер од 40 км на час. Искачувањето се одвиваше во неколку етапи и базни логори.
Експедицијата по освојувањето на врвот се врати во градот Догубајзит Р. Турција, по што се очекува и нејзиното враќање во Штип.