03.06.2025 20:37
Вести Македонија

Низ солзи си поднесе оставка, советничка од Кочани рече дека ќе се посвети на сопственото и другите повредени деца во трагедијата во Пулс

Советничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани, Кристина Атанасова-Арсова, низ солзи поднесе оставка од функцијата советник.

„Ќе побарам прошка и извинување на сите граѓани кои дадоа глас за мене како дел од советничката листа, затоа што не успеав да реализирам многу работи бидејќи тие работи не беа приоритет за градоначалникот и раководството. Истите водени од своите суети, понесени од моќта на функциите, се грижеа само за своите интереси, истакна советничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

„Јас во иднина ќе се посветам на моето дете кое е повредено и на сите деца кои се повредени. Сите идеали на овој свет не вредат колку солзите на едно дете, истакна советничката Атанасова-Арсовска.

Атанасова рече дека сега почнува и уште долго ќе трае потребата на повредените за помош и закрепнување.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Брза пруга со британски пари – откажани се европските за реконструкција

Дејан Дејан

Дивоградбите во Чаир причина за расправа меѓу советниците во Градот Скопје

Дејан Дејан

Најмалку 27 палестинци – цивили убиени од Израелските сили во близина на пункт за хуманитарна помош во Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе