четврток, 19 јуни 2025

Оперативниот план нуди практични вештини за 1.352 млади и 3000 денари младински додаток за вработување до 23 години

Реалните мерки и проекти даваат долгорочни резултати за подобар и поквалитетен живот на сите граѓани, смета Владата, па преку Оперативниот план за вработување на 2025 година нуди стекнување на практични вештини за 1.352 млади до 29 години. Предуслов за учество во овој проект е лицата да имаат завршено минимум средно образование.

Објавено на

часот

Сподели

„Ова е одлична можност младите лица до 29 години да се стекнат со практична работа и искуство со што ќе бидат поконкурентни на пазарот на труд кои подоцна ќе добијат шанса за вработување, додека пак стопанството ќе добие соодветен кадар. Воедно, Оперативниот план предвидува и младински додаток за 3.500 млади до 23 години во вредност од 3.000 денари месечно по вработено лице, кои ќе засноваат работен однос или се вработени во дејностите од областа на производството. Целта на оваа мерка е зајакнување на капацитетите на стопанството, како и поттикнување на ангажирање на младите лица до 23 години за вработување во дејностите на производството“, се вели во соопштението на Владата.

За Оперативниот план за вработување за 2025 година предвидени се 40 милиони евра и опфаќа над 16.000 граѓани, во кој се вклучени млади, невработени лица и лица од социјално ранливите категории.

„За раст, развој и економски просперитет потребни се добро креирани и платени работни места кои ќе значат подобар животен стандард за сите граѓани подеднакво. Со ова покажуваме дека Македонија може и мора да се менува на подобро“, порачуваат од Владата.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ