Мицкоски за ЕП: Ќе се бориме жестоко наредните две недели


 

Премиерот Христијан Мицкоски го коментираше гласањето на извештајот на известувачот Томас Вајц во Европскиот парламент порачувајќи дека  следуваат две недели во кои Владата жестоко ќе се бори. Според него, амандманите што беа предложени (мислејќи на тој за „модерен“ јазик) биле здружен предлог на четири групи во Европскиот парламент.

 

– Амандманите беа здружен предлог на четири групи во Европскиот парламент. Тоа беа Европската народна партија, Социјалдемократите, Обнова и  Зелените, кои се договориле во меѓусебна координација пред состанокот. Затоа не сакам премногу сега да зборувам, додека не се заврши работата. Ги знам сите детали, рече Мицкоски.

На прашањето дали очекувал таков амандман да биде предложен од страна на ЕПП, Мицкоски рече дека Андреј Ковачев е член на ЕПП и секако дека очекувал.

-Добро е што ја поминавме оваа прва пречке и добро е што сите видоа дека не е суштината во неколку стотини Бугари, дека е многу подлабока. Не знам дали ќе успееме и на пленарната, следат две недели кога жестотко ќе се бориме. Но, светот и Европа видоа и ова прашање ќе се покрене сега и во Хаг и на сите наредни сесии во НАТО, дали некоја земја членка на НАТО попречува некоја друга земја членка и со тоа ја нарушува безбедноста во регионот, рече Мицкоски.

Мицкоски истакна дека дека во 21 век во Европа ние се уште се бориме идентитетски прашања, за нашиот мајчин јазик и дека не се вистинити пораките од поедини политичари од Брисел дека никогаш идентитетот и јазикот не биле предмет на разговори и преговори, дека тие биле бетонирани, запечатени, затворена тема…

-Да, ќе има амандмани, и повторно можеби поединечни групи во парламентот ќе поддржат амандмани. Ние не можеме да им забраниме, но важно е дека сите видовме дека не е проблемот во неколку стотини Бугари во Уставот, дека болката е подлабока, дека е вековна. Ние ќе се бориме, не знам дали ќе успееме, но видоа граѓаните со што се соочуваме и која е главната тема, рече Мицкоски.

Според него, од европарламентарците од неговата сестринска ЕПП 15 пратеници биле „за“, тројца биле против и двајца воздржани, а тоа се грчките пратеници.

-Ги имаме сите, знаеме како се гласало, порача Мицкоски.