Користеле ловечки пушки и патрони без дозвола, двајца жители на Горно Јаболчиште приведени во полициска станица Чашка

Објавено на 5 мај, 2025 во 12:01
Фото: Архива на Дума.мк

Полициски службеници од Полициското одделение Чашка, вчера, 4 мај,  во 10:10 часот, ги лишиле од слобода О.Б.(47) и Н.Б.(40), двајцата од село Горно Јаболчиште, општина Чашка.

-Од страна на полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со оружје и полициски службеници од Полициско одделение Чашка , при претрес во нивниот дом во атар на село Раковец, општина Чашка, извршен со судска наредба, во просторијата каде престојувал О.Б. биле пронајдени и одземени ловечка пушка калибар 16GA и патрони за пушката, а во просторијата кај Н.Б. биле пронајдени и одземени ловечка пушка „IZ-17“ калибар 12 GA и 25 патрони за неа. Лицата биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по докуметнирање на настанот против нив ќе биде поднесена кривична пријава за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрчкувачки материи“, по член 396 од Кривичниот законик, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.