17.8 C
Скопје
04:03 - 6 август, 2025

(Видео) Лила Филиповска сподели среќна вест: Денес чист пет-скен пријатели мои…

Лила Филиповска со своите објави на социјалните мрежи постојано се обидува да ги охрабри сите жени кои поминуваат низ истата голгота, а истовремено и да ја крене свеста за оваа подмолна болест.

Сега, водителката со емотивна објава на нејзиниот инстаграм-профил откри нови детали за нејзината здравствена состојба и се пофали дека пет-скенот ѝ е повторно чист.

„Не секоја бура доаѓа да направи хаос, некоја ти ги расчистува патиштата. Денес чист пет-скен пријатели мои и животот е поубав. Само сакав да споделам и потсетам да уживаме во животот што ни е даден за што понекогаш доцна сфаќаме… Бидете ми здрави и живи“, напиша Лила покрај видеото на кое праќа бакнежи.

Да потсетиме, пред повеќе од две години Лила Филиповска беше подложена на петчасовна операција на канцер на дојка, по што успешно се избори со оваа подмолна болест.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska)

Слични објави

Рада Манојловиќ со хит изјава: „Не читам книги бидејќи ми е страв дека ќе ослепам!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ кажа „да“ покрај базен: Блескаше во венчаница на бајковита свадба!

Еспресо

Николија откри детали за здравствената состојба на Весна Змијанац: „Добро е, но време е да научи да одмора“

Еспресо

Додека оделе на погребот на едната сестра, другата загинала во сообраќајка – Тешката судбина на босанската пејачка Јадранка Стојаковиќ, чии песни и денес се омилени во регионот

Еспресо

Драгана Катиќ доживеа незаборавно изненадување за својот 60-ти роденден

Еспресо

Продолжен притворот на сестрата на Владимир Томовиќ: Ја скршила рампата пред Храмот и удрила две жени

Е.А.