06.07.2025 04:02
Вести Свет

Шпанија со барање да се суспендира договорот што ги регулира односите меѓу ЕУ и Израел

Хозе Мануел Албарес, шефот на шпанската дипломатиј  изјави дека ќе побара од Советот на ЕУ да го одобри суспендирање на договорот што ги регулира односите меѓу ЕУ и Израел „во знак на протест против кршењето на човековите права во Газа“.

Тој исткна дека  ќе побара од Советот на ЕУ да одобри ембарго за продажба на оружје на Израел и да усвои санкции против поединци кои го поткопуваат решението за две држави, објавија британските медиуми.

Израел вчера го отфрли извештајот на Европската унија во кој се вели дека еврејската држава можеби ги прекршила човековите права и обврски во окупираните палестински енклави во Појасот Газа и Западниот Брег, пишува МИА.

Според британските медиуми од почетокот на израелската воена кампања против палестинската милитантна група Хамас, земјите-членки на ЕУ честопати го критикуваат огромниот број цивилни жртви во Појасот Газа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе