четврток, 29 мај 2025

Шанса за младите – Националната агенција Еразмус + објaви оглас за волотери и практиканти

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, официјално го започнува новиот проект „Отворена агенција“, насочен кон вклучување на млади луѓе, да стекнат работно искуство во Националната агенција, преку оглас за прием на волонтери и практиканти.

Објавено на

часот

Сподели

„Преку овој проект, младите ќе добијат уникатна можност за стекнување на прво работно искуство во ЕУ-акредитирана институција, каде што ќе можат директно да се запознаат со работата на Агенцијата, со европските програми и со вредностите на отвореноста, транспарентноста и професионалноста“, информираат од Националната агенција.

Сите избрани волонтери и практиканти ќе добијат надоместок во висина на трошоците за храна и превоз, како поддршка за нивниот ангажман. Најуспешните учесници ќе добијат можност за понатамошна работна соработка како надворешни соработници на агенцијата, во согласност со нејзините тековни активности и потреби.

Огласот за пријавување ќе биде објавен на официјалната веб-страница на Агенцијата и преку медиумите.

Ги охрабруваме сите заинтересирани млади луѓе, особено студенти и неодамна дипломирани лица на европските програми, да се пријават и да станат дел од „Отворена агенција“.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ