21.8 C
Skopje
сабота, 26 јули 2025

Полицијата со гумени куршуми ги растеруваше навивачите по испаѓањето на нивниот клуб од СКП

Порто беше единствената европска екипа во групата „А“ на Светското клупско првенство во САД, а конкуренција за првите две места на табелата им беа Палмеирас, Интер Мајами и Ал-Ахли од Каиро.

Сепак, поранешниот европски шампион само со два бода заврши на третата позиција и го заврши настапот на клупскиот Мундијал, а фудбалерите по враќањето во Португалија имаа лошо добредојде од навиваччите.

Група незадоволни навивачи ги пречекаа уште на аеродромот и започнаа да скандираат против претседателот и тренерот на клубот и побараа да си заминат. Сепак, ситуацијата ескалира кога го опколија клупскиот автобус, па тој мораше да застане и тогаш следуваше полициската интервенција, а беа употребени и гумени куршуми за да се растера толпата.

- Оглас -

Најнови вести