• Зоран Мишевски

Иако во текот на сезоната имаше и лоши моменти и променлива форма, ЖРК Ѓорче Петров од Скопје и математички ја одбрани титулата во македонскиот женски ракомет. Ракометарките на Ѓорче Петров на убедлив начин го совладаа директниот конкурент ЖРК Чаир со 28-37 и ја прославија 21. титула во историјата.
ЖРК Ѓорче Петров има 33 бода на врвот, додека Металург Автокоманда е второпласиран со 23, но и натпревар помалку.
- Комплетниот натпревар меѓу ЖРК Чаир и ЖРК Ѓорче Петров:
Избраничките на Симе Симовски сега ги очекува и настап во Купот на Македонија, каде исто така го бранат трофејот освоен минатата година.