Фудбал
Валенсија, Бетис, Севиља, или….Столе Димитриевски донел конечна одлука?!

Добрите настапи во дресот на Рајо Валјекано на Столе Димитриевски, не останале незабележани. Според шпанските медиуми за неговите услуги се заинтересирани Валенсија, Бетис и Севиља. Договорот со Рајо Валјекано му истекува ова лето, поточно во јуни 2024-та.
Според популарната емисија „Ел Чурингуито“, македонскиот голман донел конечна одлука. Наводно, Димитриевски се одлучил да ја продолжи соработката со неговиот сегашен клуб Рајо Валјекано. Се очекува наскоро да потпише нов договор, но не се знае се уште под кои услови. Веројатно, според партиите, но и според интересот за него, Столе ќе добие подобар договор.
🧤Dimitrievski, cerca de renovar con el Rayo Vallecano
ℹ️@elchiringuitotv https://t.co/sePyiprp7A
— Unión Rayo (@UnionRayo) January 23, 2024