Спорт
(Видео) Ефикасни партии на Јокиќ и Дончиќ, Ембид исклучен

Денвер го декласираа Феникс, Никола Јокиќ поентерски одигра уште еден 30+ натпревар, Лука Дончиќ го предводеше Далас до победата над Портланд. Ноќта ја обележа Џоел Ембид кој беше исклучен во победата на Филалдефија над Сан Антонио.
Денвер го декласира феникс во Аризона со 117:90. Никола Јокиќ постигна 32 поени (12/17 од поле) со два скока и седум асистенции.
Покрај Јокиќ, кај Нагетс се истакнаа и Мајкл Портер Јуниор со 24 поени, шест скока и четири асистенции, а Арон Гордон постигна 12 поени.
Кај Феникс единствени двоцифрени играчи беа Бредли Бил и Кевин Дурент со по 23 поени.
Кошаркарот на Босна и Херцеговина Јусуф Нуркиќ го заврши натпреварот со четири поени, исто толку асистенции и скокови.
Лесна победа забележаа и Далас Маверикс. Предводени од Лука Дончиќ го победија Портланд со 132:108.
Дончиќ заврши со 27 поени, постигна седум тројки, имаше седум скока и седум асистенции. Ирвинг додаде 20 поени, центарот Гафорд 23. Најдобар играч на Блејзерс беше Дени Авдија со 19 поени.
Филаделфија го совлада Сан Антонио Спарс со 111:106. Првата ѕвезда на Фладелфија, Џоел Ембид беше исфрлен од теренот поради ново дивеење.
Ембид не беше задоволен од судиската одлука, не доби фаул па ја нападна жената судија и тоа го направи на многу непријатен начин. И се внесе во лицето, соиграчите мораа да го смират.
Благодарение на Макси, кој постигна 32 поени и додаде десет скока со осум асистенции, Филаделфија забележа победа. На спротивната страна, Виктор Вембенјама имаше 26 поени и девет скока.
Joel Embiid was FURIOUS after picking up an offensive foul on Wemby
Embiid was hit with two techs and was ejected
pic.twitter.com/9rVIGazig1
— Bleacher Report (@BleacherReport) December 24, 2024
Резултати:
Шарлот – Хјустон 101:114
Кливленд – Јута 124:113
Орландо – Бостон 108:104
Филаделфија – Сан Антонио 111:106
Атланта – Минесота 117:104
Мајами – Бруклин 110:95
Њујорк – Торонто 139:125
Чикаго – Милвоки 91:112
Мемфис – Клиперс 110:114
Оклахома – Вашингтон 123:105
Далас – Портланд 132:108
Денвер – Феникс 117:90
Голден Стејт – Индијана 105:111
ЛА Лејкерс – Детроит 114:117
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
„Во Фенербахче ми нудеа допинг“

Францускиот фудбалер Алан Сен Максиман излезе во јавноста со многу сериозни обвинувања против Фенербахче, каде што играше претходната сезона.
Тој беше позајмен од Ал Ахли во турскиот клуб. Одигра 31 натпревар, забележа четири гола и исто толку асистенции.
Сен Максиман беше гостин во подкаст со францускиот јутјубер Зак Нани и искажа зборови што ќе одекнат.
Имено, тој изјави дека му нуделе допинг во турскиот клуб, со закани дека не смее да зборува за тоа.
„Фенербахче не стана шампион и не е шампион 11 години поради работи што немаат никаква врска со фудбалот. Клубот е опколен од надворешни влијанија. Дури и се обидоа да ме натераат да земам допинг таму во еден момент. Луѓето не го знаат тоа, бидејќи не можете отворено да зборувате за тоа кога сте таму, тие ви се закануваат од сите страни. Ти велат: „Ако зборуваш, ќе ти направиме ова или она“. Во Турција бев во ситуации што ги надминуваат границите на фудбалот“, рече Максиман.
Сепак, тој зборуваше со пофалби за Жозе Мурињо, но дека атмосферата во Истанбул е многу проблематична.
Се очекува Фенербахче да даде соопштение во оваа пригода.
Foto/ EPA
Спорт
Ливерпул остатокот од договорот на Жота ќе му го исплати на неговото семејство

Ливерпул ќе ги исплати преостанатите две години од договорот на починатиот Диого Жота на неговото семејство.
Како што објави португалскиот „Рекорд“, клубот од „Енфилад“, откако ќе го повлече дресот со број 20, ќе ги измири и преостанатите две години од договорот, кои ќе му бидат исплатени на семејството на починатиот Жота.
Фудбалскиот свет беше запрепастен од информацијата дека португалскиот фудбалер загинал во сообраќајна несреќа, кога тој и неговиот брат починале во Шпанија, во близина на португалската граница во областа Замора.
Жота беше член на Ливерпул, каде што пристигна во 2020 година и оттогаш постигна 65 гола во 182 натпревари. Со Ливерпул ја освои Премиер лигата, ФА Купот и два Лига Купа.
Во текот на својата кариера играше и за Пакош Фереира, Атлетико Мадрид, Порто и Вулверхемптон.
Играше 49 пати за Португалија и постигна 14 гола, двапати освојувајќи ја Лигата на нации.
Погребот на браќата Жота ќе биде оваа сабота.
Foto/ EPA/PETER KLAUNZER
Спорт
(Видео) Челси преку Палмеирас до полуфиналето на клупскиот Мундијал

Foto/ EPA
Фудбалерите на Челзи го победија Палмеирас во четвртфиналето на Светското клупско првенство на ФИФА со 2:1 (1:0).
Благодарение на победата во Филаделфија „сините“ се пласираа во полуфиналето, каде што ги чека уште еден тим од Бразил, Флуминенсе.
Двократниот европски шампион ја оствари победата благодарение на голот на Кол Палмер во 16-та минута и автоголот на голманот Вевертон во 83-та минута. Стрелец за Флуминенсе беше фудбалерот што „сините“ веќе го купија, креативниот играч од средниот ред Вилијан Естевао.
Крилниот напаѓач Педро Нето беше дел од англискиот клуб од самиот почеток.
Настапот на Португалецот беше неизвесен, откако Челзи му даде одврзани раце да избере дали да игра по смртта на неговиот голем пријател – фудбалерот на Ливерпул Диого Жота и неговиот брат Андре Силва.