logo
logo
logo

Трамп го прогласи 8 мај за Ден на победата во Втората светска војна во САД

Vecer | 02.05.2025

Трамп го прогласи 8 мај за Ден на победата во Втората светска војна во САД

Тој, исто така, прогласил Денови на победата во земјата, според неговата објава на платформата за социјални медиуми Truth Social.

-Многу од нашите сојузници и пријатели го слават 8 мај како Ден на победата, но ние направивме повеќе од која било друга земја, убедливо, во постигнувањето победнички резултат во Втората светска војна. Со ова го преименувам 8 мај како Ден на победата за Втората светска војна, а 11 ноември како Ден на победата за Првата светска војна, се вели во објавата.

Трамп нагласи дека „ние“ (веројатно мислејќи на САД) ги добивме обете војни, но не ги славиме поради недостаток на лидери кои знаат како да го сторат тоа. Сепак, работите сега ќе бидат поинакви“, наведе Трамп.

-Ги добивме обете војни, никој не ни беше близок во однос на силата, храброста или воената брилијантност, но никогаш не славиме ништо Тоа е затоа што повеќе немаме лидери кои знаат како да го сторат тоа! Ќе почнеме повторно да ги славиме нашите победи!, заклучи Трамп. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk