Еден од најталентираните туниски ракометари, Мохамед Азис Бен Мафуд, е нов член на Е. Пелистер 2. Се работи за лев бек, висок 195 центиметри и тежок 95 килограми.
Мафуд има 21 година и доаѓа во Македонија од Клуб Американ од Тунис. Последната сезона ја мина на позајмица во Грмда.
Мафуд веднаш ќе му се стави на располагање на тренерот Александар Зарков во Првата лига. Неговото официјално претставување е предвидено следната недела во Битола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА