МВР - Билтен
- Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против С.Д. од Скопје, началник на Одделението за криминалистички работи при ЕВР Кисела Вода, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик.

Скопје, 21 јуни 2025 (МИА) - Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против С.Д. од Скопје, началник на Одделението за криминалистички работи при ЕВР Кисела Вода, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик. При негов личен и претрес во службени простории на МВР, каде што извршува службени задачи, извршен со наредба на Основен кривичен суд Скопје, биле пронајдени и одземени муниција и солзавец за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Одделот за внатрешна контрола против С.Д. поднесе и предлог за покренување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работната дисциплина и изрече задолжителна мерка отстранување од работното место до завршување на постапката.
На 20/21.06.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода В.Т.(38), М.Д.(41), У.М.(28), Л.Б.(18) и 17-годишник, сите од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите ќе бида поднесени соодветни поднесоци.
Регионалниот центар за гранични работи Југ – Одделение за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија, до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднесе кривична пријава против С.Л.(26) од Република Албанија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик. Додека, од судија во Основен суд Гевгелија била донесена пресуда и му била утврдена казна - условна осуда со утврдување казна затвор од една година со рок на проверка две години, а му била изречена и споредна казна протерување на странец од државата во траење од две години. Имено, на 19.06.2025 на Граничен премин „Стар Дојран“, при гранична контрола било утврдено дека идентификациониот број на возилото „бмв“, кое го управувал, бил фалсификуван, по што тој бил лишен од слобода и задржан во полициска станица.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.Н.(60) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 04.02.2025 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што биле пронајдени и одземени кокаин, дигитална вага, пари и предмети со остатоци од дрога.
СВР Битола поднесе кривична пријава против И.Н.(64) од Прилеп, правно лице од Скопје и С.К.(54) од Република Србија, со престој во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“. На 03.04.2025 во Прилеп, полициски службеници го затекнале првопријавениот како управува автобус во сопственост на второпријавеното правно лице, во кое одговорно лице е третопријавениот С.К., без поседување лиценца издадена од надлежен орган.
На 20.06.2025 во 10.40 часот во Полициското Одделение Теарце било пријавено дека при извршување работни задачи со работна машина багер на земјен пат во с.Непроштено, тетовско, вработени во приаватна фирма пронашле еден проектил од под цевен фрлач на гранати калибар 40 мм. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Тетово, а пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно го подигнал проектилот.
На 20.06.2025 во 18.00 часот било пријавено дека во објект на подрачјето на Гази Баба бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.А.(57) и М.Х.(21) од Скопје, од една страна и И.Х.(31) и Д..Р(29) од Скопје, од друга страна. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 20.06.2025 во 20.22 часот во СВР Скопје, Д.Ѓ.(71) од Скопје пријавил дека во продажен објект на подрачјето на општина Аеродром бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 20.06.2025 во 12.43 часот во СВР Скопје, М.З.(34) од с.Арачиново, скопско, пријавил дека околу 12.35 часот на подрачјето на општина Аеродром бил физички нападнат од едно лице. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 21.06.2025 во 02.15 часот во Полициската станица Чаир, 49-годишна жена од Скопје пријавила дека во семејниот дом на подрачјето на Чаир била физички нападната од нејзиниот сопруг Г.Р.(54) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 19.06.2025 во 16.45 часот во СВР Скопје, Ш.К.(36) од Скопје пријавила дека во 16.40 часот, таа и нејзината свекрва Н.К.(60) на подрачјето на Бит Пазар биле физички нападнати од соседите М.А.,С.А. и М.А.. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 20.06.2025 во 13.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Карпош бил пронајден починат И П.(52) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид извршила екипа од СВР Скопје. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.
На 20.06.2025 во 21.17 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Кисела Вода во кој живеела како потстанар била пронајдена почината К.Ч.(77) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид извршила екипа од СВР Скопје. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција. ац/