• понеделник, 14 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Рускиот истражен комитет потврди: Генерал-потполковник Јарослав Москалик убиен во експлозија на автомобил во близина на Москва

Рускиот истражен комитет потврди: Генерал-потполковник Јарослав Москалик убиен во експлозија на автомобил во близина на Москва

Москва, 25 април 2025 (МИА) - Рускиот истражен комитет ја потврди информацијата дека генерал-потполковник Јарослав Москалик, заменик-началник на Главната оперативна дирекција на Генералштабот на руската армија, денеска е убиен во експлозија на автомобил во близина на Москва, јави ТАСС.

„Според првичните информации, генерал-потполковник Москалик загинал при експлозија во близина на куќа број 2 на улицата „Нестеров“ во градот Балашиха“, изјави за ТАСС портпаролката на Истражниот комитет, Светлана Петренко. Според неа, досегашните докази укажуваат дека експлозијата е предизвикана од импровизирана експлозивна направа со сила од над 300 грама тротилов еквивалент.

Истражниот комитет покрена кривична постапка за убиство и недозволен промет со експлозивни материи.

Весникот „Комерсант“ објави дека во експлозијата загинала уште една личност.

Москалик беше дел од неколку високи руски делегации. Во октомври 2015 година учествуваше во состанок на т.н. Нормандиска четворка (Русија, Украина, Германија и Франција), која следеше по Минските договори од 2014 година. Весникот РБК наведува дека Москалик бил член на подгрупата за безбедност во преговорите од Минск. ссм/

фото: архива

Остани поврзан