Претседателот на македонската влада, Христијан Мицкоски, денеска патува во офоцојална посета на Република Турција. Премиерот таму ќе оствари средба со претседателот Реџеп Таип Ердоган.
На оваа средба се очекува да се потпише заедничка политичка декларација за основање на Совет за соработка на високо ниво помеѓу Владата на Турција и Владата на Македонија. Овој Совет се основа се со цел продлабочување и интензивирање на соработката во сите области од заеднички интерес на билатерално, регионално и глобално ниво.