Свет
Спартак режираше сензација и се погрижи за фијаско какво што не паметат фановите на Звезда цели 14 години

Спартак пред два дена режираше голема сензација во Белград и ја победи Црвена Звезда на нејзин терен, но денеска само ја потврди катастрофалната форма на фаворитот со нова победа во Суботица.
Триумфот од 93:77 значи дека Звезда остана без борба за трофејот и во кошаркарската Суперлига на Србија, по што слободно може да се заклучи дека игралите на Јанис Сферопулос режираа вистинско фијаско во завршните неколку недели од сезоната.
По елиминацијата од Будуќност во АБА лигата, Црвена Звезда остана на чекор од финалето и во домашното првенство, што значи дека сега на Партизан повторно му се отвора патот за нов важен трофеј.
Полуфиналната „метла“ од Суботица сигурно ќе донесе огромни промени во таборот на стандардниот кошаркарски евролигаш, а повеќе од веројатно е дека се избројани и деновите на тренерот Сферопулос.
Овој пораз значи дека Црвена Звезда за првпат од 2011-та година нема да биде дел од едно финале во Суперлигата, што само дополнително ја апострофира сензацијата која ја режираше тимот од Суботица во оваа серија.
-
НБА10 часа
Издвои две имиња: Кари посочи кои играчи се најпаметни во НБА лигата
-
Свет14 часа
Де Пол претставен на Флорида, Интер Мајами безопасен без Меси (ВИДЕО)
-
Свет13 часа
Ништо од враќањето во Бенфика: Феликс ја напушта Европа и потпишува за клуб од Саудиска Арабија
-
Свет9 часа
Тинејџери и донесоа победа на Барселона на тестот во Јапонија (ВИДЕО)
-
Италија6 часа
Клупска легенда порачува: Јувентус мора да го ангажира Санчо
-
Англија8 часа
Супер агентот Мендеш го израдува Челси со новиот трансфер на Жоао Феликс
-
Шпанија7 часа
Флик за иднината на еден играч на Барселона: Ако продолжи да игра вака…
-
Шпанија13 часа
Левандовски за неговата иднина во Барселона: За мене не е важно…