среда, 14 мај 2025

ДУИ сè уште не знае како ќе настапи на претстојните локални избори, тврди Ахмети

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети во изјава за медиумите денеска истакна дека неговата партија и коалицијата Европски фронт сè уште не донеле одлука како ќе настапуваат на локалните избори кои треба да се одржат во октомври годинава.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

„Ова прашање сè уште не е дискутирано. Ќе бидат повикани сите партии од „Европскиот фронт“ и ќе се разгледа целата ситуација“, потенцира Ахмети при неговата посета на скопското село Свиларе.

Прашан дали има некаков договор со Арбен Таравари за локалните избори, Ахмети рече дека во текот на неделава ќе бидат повикани сите органи на партијата и ќе бидат разгледани сите прашања.

„Сè уште нема финални разговори. ДУИ сè уште не ги повикала раководните тела на партијата. Во текот на неделава ќе бидат повикани највисоките партиски тела, ќе бидат разгледани сите ситуации. Секако, го цениме смелиот чекор на Таравари, бидејќи тој многу порано сфати дека оваа влада не е ништо повеќе од антиалбанска влада“, нагласи Ахмети.

Лидерот на ДУИ рече дека дека ја цени одлуката на Таравари да се одвои од Вреди.

„Сè уште не е изградена никаква стратегија. Таравари ми се чини дека рече дека не е роден во влада и во моментот кога ќе стане неприфатлив, може да си замине. Но, ова се прашања за Таравари, не за ДУИ, ниту за Европскиот фронт, тоа се внатрешни прашања што Таравари треба да ги менаџира“, рече Ахмети.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ