Миротиќ по триумфот на Милано во Белград: „Јас сум никој и ништо – што направив добро!?“

Кошаркарот на Олимпија Милано, Никола Миротиќ, беше најдобриот во својот тим во синоќешната победа (80-82)  против Црвена Звезда во Белград.

Миротиќ имаше и убав пречек кој го доби од навивачите на Црвена звезда во белградска Арена, но остана скромен како и секогаш.

„Јас сум никој и ништо, не знам што направив добро за да ме пречека некој на тој начин. Благодарен сум за тоа, тие го знаат тоа. Целата слава оди кај господата. Јас само се трудам. Не сум толку важен. Кога некој убаво те пречекува, кога скандираат, не можам да кажам дека не значи ништо, а понекогаш може да има емоционален ефект“ – изјави Миротиќ, притоа дополнувајќи:

„Многу важна победа за нас. Овој натпревар беше важен и за нас и за Црвена звезда. Имавме идеја да се бориме, да имаме шанса да победиме на крајот од натпреварот. Знаевме дека Црвена звезда ќе биде под притисок по последните неколку порази. Така беше на крајот. Неколку офанзивни потези, неколку скокови, победивме и со малку среќа на крајот дојдовме до триумф“.

Атмосферата беше навистина одлична во Белград.

„Се снаоѓам. Не е лесно. Голема чест е да се игра во Белград, една од најубавите атмосфери во кои сум играл, особено кога играм против Црвена Звезда. Понекогаш емоциите што ги има човекот се лоши. Секогаш се трудам да се изолирам колку што можам повеќе“.

Миротиќ беше под знак прашалник пред мечот, но сепак играше и беше најефикасен со 19 поени.

„Пресврт беше тоа што имавме неколку играчи кои беа повредени. Тренерот реши да патувам. Не знаевме дали ќе можам. Имам голем хематом на левиот колк. Скратени сме за ротација. Решивме да одам. Видовте дека физички не бев најдобро” – вели Миротиќ.

Се вчитува...