• Мартин Танасковски
Алкалоид игра за европскаа титула во Европскиот Куп на ЕХФ, а дали знаете кои се последните македонски ракометари кои стигнале до овој пехар?
Тоа се тројцата поранешни репрезентативци Лазо Мајнов, Горан Кузмановски и Мите Стоилов, кои пред една деценија, во 2015 година, го освоија тогашниот ЕХФ Куп кој сега се вика Европска лига на ЕХФ.
Триото играше во дресот на романски Одорхеи, кој во финалниот двомеч беше подобар од португалска Брага.
Алкалоид брани четири гола позитива против АЕК Атина од првиот меч во Грција (29-25). Дуелот во Скопје стартува од 20:30 часот.