Американските медиуми објавуваат дека сите играчи на ЛА Лејкерс се достапни на пазарот, освен Лука Дончиќ.
Лос Анџелес Лејкерс го шокираа светот оваа зима кога го испратија Ентони Дејвис во Далас Маверикс и го добија Лука Дончиќ во блокбастер размена. Словенечкиот кошаркар се смета за еден од најдобрите играчи на планетата, а како што пишува Јован Буха од „Атлетика“, само Дончиќ е недопирлив.
Што значи дека Лејкерс, во случај на вистинска понуда, би се согласиле да ги продадат сите играчи, вклучувајќи го и Леброн Џејмс, но не и Лука Дончиќ.
„Да, точно така треба да биде“ – објаснува добро информираниот Буха.
Дончиќ треба да потпише нов договор со Лејкерс и да заработи 229 милиони долари за следните четири години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА