13.06.2025 13:03
Вести Македонија

Осмомартовски марш на СДСМ во Струмица

Министерката Димитриеска Кочоска ги навреди сите жени и треба да биде разрешена, порачаа од Струмица социјалдемократите на денешниот осмомартовски марш.

Потпретседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска рече дека е релана заканата од десничарските политики. Според неа, тие сакаат да ги вратат жените назад и им ги негираат правата за кои се избориле. Но, и да ги сведат на улоги што не ги избрале.

Иницидентот од македонското собрание беше во фокусо и во обраќањето на лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Тој порача дека е незамисливо вакви навреди да излезат од законодавниот дом, особено од жена кон друга жена.

Ова е десетти марш во организација на Форумот на жени на СДСМ кој годинава се одржа под мотото „Исправени заедно за еднаквост, правда и мир“.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обвинителен акт против 34 физички и три правни лица заради пожарот во ноќниот клуб „Пулс“

Дејан Дејан

Израел сугерира дека операцијата „Разбуден лав“ против Иран ќе продолжи

Дејан Дејан

Нуклеарните капацитети не смеат да бидат мета на напади, предупреди Меѓународната агенција за атомска енергија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе