Можна креативна дипломатија во Виена

Австрија е подготвена да разговараме за изнаоѓање креативно решение со Бугарија и смета дека во моментов најважното за ЕУ е политиката на проширување да се спроведе, вели во интервјуто за Слободна Европа, претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Според Давкова, министерката за европски и меѓународни работи на Република Австрија, разговорите за решавањето на овој спор, би сакала да се случат во Виена.

На прашањето дали сме поблиску или подалеку од пред една година од почетокот на преговорите за членство во ЕУ, претседателката вели дека ако каже дека сме подалеку или поблиску тоа не е вистинскиот одговор, бидејќи понекогаш далечината или близината е многу релативна, зошто не значи дека ако почнеме ние преговори дека тоа навистина ќе значи исчекор.