Еден пар Левис од 19 век продаден за 76.000 долари!

17 октомври 2022

На аукција одржана почетокот на масецов во Колорадо, најстариот пар џинс во светот (колку што е познато) е продаден за фантастични 76.000 долари.

Се работи за пар Левис од 19 век или попрецизно од 1880-те години.

Овој пар џинс го пронашол во рудник, авторот на книгата „ Jeans of The Old West", Мајкл Ален Харис, а заеднички го купиле Кајли Упер, дилер на винтиџ облека од Сан Диего и Зип Стивенс, сопственик на винтиџ продавница во Лос Анџелес.

Со оглед на тоа дека е пронајден во рудник, се верува дека овој пар џинс му припаѓал на рудар, што е поддржано и со фактот дека тој период ги носеле само рударските работници, додека џинсот во комерцијална употреба влегува дури во 50-те години на 20-от век.

 

Објавено:
17 октомври 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.869 пати
Тагови: 
Левис џинс