Во реакција до Плусинфо за текст поврзан со доцнењето на решенијата за данок на имот до граѓаните, Град Скопје ја негира вината и ја упатува кон Македонски пошти.
„Причината за доцнењето во испораката лежи исклучиво кај АД Македонски пошти, кое без известување и без образложение не ја изврши својата обврска во договорениот рок. Со ова постапување, Македонски пошти грубо ги прекрши обврските кои произлегуваат од договорот со Град Скопје“, се наведува во реакцијата од Градот.
Така, Град скопје е невин, виновни се Македонски пошти, за кои градот најави и тужба за нанесената штета со наводната неанвремена испорака.
Истовремено, познато е дека за катастрофата со не/хигиената крив е УО на јавното претпријатие, за неискосените тревни површини и наездата на змии виновен е недостигот на кадар во Македонија, за несоработката се криви лошите градоначалници на скопските општини, за Зоолошката критички настроените медиуми, за румба-тумба сообраќајниците несовесните возачи кои истите ги прават со возилата, за неефикасниот јавен сообраќај старите автобуси, за жичарницата пустиот ветер…