Самуеле Ричи ќе биде нов играч на Милан

129
+1

Досегашниот играч на тимот на Торино, Самуеле Ричи во следните денови ќе биде претставен како нов играч на тимот на Милан. Италијанскиот репрезентативец во моментов има 23. години и е проект на Азурите подолг период. Во изминатите години настапи на педесетина мечеви за младинските селекции на Италија, а потоа и пред три години дебитираше за сениорскиот тим.

Ричи е дете на тимот на Емполи, а Милан за него ќе треба на Торино да му плати позамашна сума. Италијанските медиуми тврдат дека истата ќе достигне до 25. милиони евра што за ваков млад и перспективен играч и не е така голема.

Неговиот договор со Торино е со трааење до 2028 година, а беше потпишан зимоска, со намера секако клубот летово добро да наплати од неговата продажба.

ПретходноГо пречекала, нагостила и испратила Јокиќ, а не знаелa кој е
СледноАтлетико се согласи да го купи Алекс Баена