„Ремонтот“ е на повидок, Јунајтед ќе продава играчи за 200 милиони фунти!

Управата на Манчестер Јунајтед се подготвува за голем „ремонт“ во играчкиот кадар и повеќе од сигурно е дека летово ќе заминат голем број фудбалери од кои клубот ќе инкасира околу 200 милиони евра. 

Ова значи дека во тимот ќе се отворат места за нови играчи кои треба да пристигнат како засилувања за следните сезони, нешто што веќе беше најавено и од тренерот Рубен Аморим. 

Први на „отстрел“ ќе бидат Маркус Рашфорд и Џејдон Санчо, а нема да останат поштедени ниту Касемиро, Алехандро Гарначо, Тајрел Маласија и голманот Андре Онана. За Касемиро и Онана има голем интерес од Саудиска Арабија, додека Маркус Рашфорд се очекува да остане во Астон Вила или да замине во друг премиерлигашки клуб. 

Под знак прашалник е и останувањето на Коби Маино, иако за него се вели дека може да добие нов договор поради младоста и големиот талент. Едно е сигурно, „ѓаволите“ ќе имаат нов и поинаков лик следната година, а клубот најавува амбиции за пласман во Лигата на шампионите.