Нов грчки хаос: Фаул „за затвор“ на Нан, срамно однесување на Фурние и победа на Олимпијакос (ВИДЕО)

Кошаркарите на Олимпијакос со „брејк“ на гостувањето кај Панатинаикос (99-88) стигнаа до водство од 2-1 во финалето на грчкиот плеј-оф. Во нова луда драма која понуди сè на крајот гостинската екипа се радуваше во „ОАКА Арената“. 

Откако грчката влада дозволи продолжување на серијата, хаосот продолжи. Жестоката борба кулминираше кога во еден дуел Кендрик Нан буквално се фрли преку Еван Фурние, не успеа да го блокира и го фати на дрес за да го фрли на паркетот. Потоа настана и турканица, а мечот набргу продолжи.

Голем хаос настана и во вториот дел, во моментите кога Фурние направи непримерен гест покажувајќи кон половиот орган кон првите редови од публиката. Навивачите очекувано „полудеа“, а Французинот беше казнет со исклучување. 

Олимпијакос ќе има „меч-топка“ во финалната серија веќе в недела на свој паркет.