10 модни изгледи како инспирација за одлична Halloween маска

18 октомври 2022

Покрај Први Април, Ноќта на вештерките за многумина претставува уште еден возбудлив празник каде вљубениците во маскирањето и косплејот можат да уживаат во сета креативна слобода.

Овој ден нуди неодолива можност за бескрајно експериментирање со костими, ткаенини, фризури и шминка, а за некои дури можност и да ја канализираат својата „мрачна страна" на симпатичен начин.

Секој од нас познава по некој кој ужива во детално осмилсување на маска и концепт за оваа пригода, а потоа ужива во процесот на изработка со месеци однапред. Но постојат и оние кои иако сакаат да уживаат во ова возбудливо искуство, немаат време да посветат во потрага по правата маска, ниту пак имаат време да се посветат на продукцијата.

За среќа, на интернет се достапни безброј туторијали и предлози за лесни маски кои се постигнуваат за рекордно кратко време, преку кои секој може да се инспирира и да се обиде да креира маска непосредно пред вечерната забава.

За љубителите на модата пак, идеите и предлозите за брзи маски се еднакво забавни и инспиративни.

Од изгледот на Ким Кардашијан на ревијата на Баленсијага за есен 2022 и рекреираниот легендарен изглед на Ен Хатавеј од нејзиниот лик во „Devil wears Prada" во кафено кожно палто, па сè до импресивниот бел фустан на Бела Хадид за кој група на техничари „испрскаа" ткаенина врз нејзиното тело и бројни впечатливи изгледи забележани на МЕТ галата, изборот е навистина голем.

За да ви помогнеме, подготвивме листа на 10 најинспиративни изгледи кои зацаруваа со модната сфера оваа година, кои можат да претставуваат одлична подлога за Halloween маска.

Фото: Vogue

Фото: Vogue

Фото: Vogue

Фото: Vogue

Фото: Vogue

Фото: Vogue

Фото: Vogue

Фото: Vogue

Фото: Vogue

Фото: Vogue

Објавено:
18 октомври 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
824 пати