Следете не

Култура

Свештената Бигорската Обител го славеше благодатното соединување со светлината на светите ангелски чинови, предводени од непобедливиот Архистратиг Михаил

Објавено пред

на

©bigorski.org.mk

Благословеното пристаниште на небесната радост, Свештената Бигорската Обител, во изминатото ноќеденство со особена радост и чест го славеше благодатното соединување со светлината на светите ангелски чинови, предводени од непобедливиот Архистратиг Михаил. Возвишеното богослужение нè повикуваше да го насочиме својот живот кон божествениот поредок, следејќи ја љубовта и послушанието на небесните сили кои непрестајно Го славословат и воспеваат Бога.

Изминатата ноќ, под осветените сводови на Претечевиот храм, осветлени со тивката светлина на многубројните свеќи и кандила, Бигорски и неговите населници беа потонати во молитвено бдение. Во блесокот на молитвите и на песнопенијата, притекнатите верници го чувствуваа присуството на небесните заштитници. Тоа беше духовна претстава на бескрајната небесна Литургија, каде што Земјата и Небото стануваат еден простор.

Утрово, пак, на Светата архиерејска Литургија, со која чиноначалствуваше нашиот возљубен Старец, Преосветениот Епископ Антаниски г. Партениј, тоа сијание заблеска уште посилно. Под неговото тајноводство, сите собрани се почувствуваа како дел од хорските чинови на Светите Ангели. Како што ангелите служеа пред престолот Божји, така и ние, собрани во љубовта Христова, ја принесовме бескрвната жртва на благодарност и славословие.

Навистина, Божествената Евхаристија беше едно благодатно соединување со светот на Светите Ангели.

Денешниот празник ни дава можност повторно да се вратиме на суштината на нашиот живот – да се соединиме со Бога и да учиме од Ангелите како да го чуваме својот дух чист и незлоблив. Оти, небесното царство не е далечно, туку е реалност што постои во нашето срце, кога тоа се отвора за љубовта Христова.

Нека Светиот Архистратиг Михаил и сите небесни сили ни бидат застапници и чувари на нашиот пат кон соединувањето со Бога, истакнаа од Бигорскиот Манастир.

Во продолжение повеќе фотографии од настанот ќе најдете ТУКА

Култура

Денес се слави „Ѓурѓовден“, главен обичај за овој ден е плетење венец од билки, ова се останатите народни и традиционални верувања

Објавено пред

на

Православните верници денес го прославаат светецот Георгиј Победоносец, познат како „Ѓурѓовден“, празникот кој е врзан со најголем број обичаи што постојат во народното верување. Овој светец се смета за граница меѓу зимата и летото, празник врзан за здравјето на домашните, женачката, плодност на стоката и добри посеви.

Главен обичај е плетење венец од билки, миење со цвеќиња, капење во река.

– Венецот сплетен од цвеќиња треба да се стави на влезната врата во куќата и тоа значи дека домот и годината ќе бидат богати.

Наутро со билките и со цвеќињата што домаќинката претходно ги потопила во вода, прво се мијат децата за да бидат здрави како дрен преку цела година, девојките и момчињата се грабаат околу нив, старите да бидат витални, а домашните куќата да им биде чувана.

Се верува дека на Ѓурѓовден не треба да се спие, бидејќи главата може да ве боли цела година.

– Во селата се палеле големи огнови за да се избркаат сите зли и лоши сили.

Се верувало дека ако е ведро, годината ќе биде плодна, а ако врне, дека ќе биде сушна година.

Прочитај повеќе...

Култура

122 години од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев

Објавено пред

на

На денешен ден, 4 мај, се одбележува 122 години од смртта на Гоце Делчев, македонски револуционер и еден од најзначајните лидери на Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО). Тој беше убиен на 4 мај 1903 година во близина на селото Баница.

Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш (денес Килкис, Грција). Неговото име и дело се дел од македонскиот национален идентитет и се почитуваат низ целата земја.

Денес после 122 години Гоце Делчев останува симбол на борбата за слобода, правдина и еднаквост, а неговото наследство продолжува да инспирира генерации.

Неговите останки се сместени во црквата „Свети Спас“ во Скопје, каде редовно се одржуваат церемонии положувајќи цвеќе во знак на почит за еден од најголемите револуционери.

Прочитај повеќе...

Култура

Во среда на 7-ми мај традиционално и оваа година во Струга ќе се одржи Еордија (литија) со чесните мошти на Великомаченикот и на неговата чудотворна икона

Објавено пред

на

ФОТО: ©bigorski.org.mk

На 7 мај (среда) во храмот на Светиот Великомаченик Георгиј во Струга, со почеток во 16 часот, ќе биде отслужена празнична вечерна богослужба, на која се очекува да претстои Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва, г. г. Стефан. По завршувањето на Вечерната и на ктоторската панихида следи свечената Еордија (литија) со чесните мошти на Великомаченикот и на неговата чудотворна икона. Чесните мошти ќе бидат изложени во храмот за поклонение пред да заопочне Вечерната богослужба, сѐ до започнувањето на Еордијата. Оваа година, на литијата ќе биде изнесена и чесната икона на Мајката Божја „Гликофилуса“ (Слаткољубива или Умиление).

На Еордијата ќе ѝ претходи церемонијално полициско возило, кое на симболичен начин ќе го одбележи чествувањето на Св. Вмч. Георгиј како покровител на полициските и безбедносните сили, кои без оглед на нивната национална и верска припадност, секогаш се тука за да ги чуваат мирот и безбедноста. Помеѓу возилото и Еордијата, ќе дефилира коњаник, облечен во римска трибунска воена облека, којашто е изработена од автентични материјали и е верна изобразба на оригиналните воени оклопи од тоа време, дело на познат италијански експерт за историјата на древен Рим. Коњаникот, кој во раката ќе држи палмова гранка како симбол на мирот, ќе има улога на посебен редар и најавувач на процесијата.

Традиционално, пред почетокот на Еордијата (Литија), во храмот на Св. Георгиј во Струга, со почеток во 16 часот исто така ќе биде отслужена ктиторска вечерна богослужба.

На самиот крај на Струшката Еордија во дворот на струшкиот храм „Св. Георгиј Победоносец“, ќе следи културно-уметнички настан, кој ќе биде изведен од страна на чуварите на нашата богата фолклорна традиција: „Ансамбл Македонија“.

Од надлежните служби: Во оваа прилика ги потсетуваме сите пилоти на беспилотни летала: Посебно да се внимава на последната регулатива изгласана со закон за пилоти на беспилотни летала (дронови), да се придржуваат кон правилата и законските регулативи (Правилник за воздухоплови без екипаж) за надлетување во отворен простор. Пилотите треба да поседуваат валидна лиценца и летовите да бидат најавени во согласност со правилникот, односно одобрени од Агенцијата за цивилно воздухопловство. Во спротивно надлежните служби ќе вршат санкции според закон.

Вака беше лани:

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија7 часа

Скопјанец „летал“ со автомобилот во пробиштипско, на место каде е дозволено 40, тој управувал со брзина од 101 км/ч

На 27.05.2025 во 00.44 часот полициски службеници од Полициската станица безбедност на патниот сообраќај Пробиштип го лишија од слобода А.Р....

Свет7 часа

Ноќеска во Грција регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала

Во раните утрински часови, во 3:06 по локално време, во областа на Коринтскиот Залив во Грција бил забележан земјотрес со...

Занимливости7 часа

Во најголемиот рудник за јаглен во Полска, истражувачи откриле остатоци од крокодил стар околу 17 милиони години

Истражувачи откриле остатоци од древен крокодил стар околу 17 милиони години во најголемиот рудник за јаглен во Полска, Белхатов. Се...

Хороскоп20 часа

Хороскоп за вторник (27 мај)

ОВЕН  Ако денес планирате патување или треба да се справите со авторитети, внимавајте да не ги прекршите правилата. Некој ќе...

Свет23 часа

(Вознемирувачко Видео) Хаотични сцени на прославата за титулата на Ливерпул, влета со автомобил во толпа навивачи!

Фудбалерите на Ливерпул сè уште ја прославуваат титулата која ја обезбедија уште пред крајот на сезоната. Во неделата, тие официјално...

Технологија1 ден

„Open AI“ планира да изгради центар за податоци во Абу Даби, истиот би бил поголем од досегашниот во Монако

Центарот за податоци што треба да се изгради во Абу Даби се очекува да стане најголемиот инфраструктурен проект за вештачка...

Македонија1 ден

Од ноќеска цената на нафтените деривати се намалува

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени...

Кичево1 ден

Денес редовниот состав на кичевската полиција ќе реализира боево гаѓање на стрелиштето во с.Осој кичевско

Редовниот состав полициски службеници од полициската станица од општа надлежност и од станицата за безбедност во патниот сообраќај при Секторот...

Временска прогноза2 дена

Од утре нов бран на врнежи од дожд, проследен со северен ветер

Во текот на оваа работна седмица повремено ќе дува засилен ветер од северен и од северозападен правец кој ќе биде...

На денешен ден2 дена

Времеплов: На денешен ден (26 мај)

На денешен ден 26 мај, хронолошки подредени значајни настани што се случиле низ различни години и делови на светот. Еве...

НАЈЧИТАНИ