Македонија
Вардар и Струга се загреваа со „нула“ за Куп финалето на 21. мај

Вардар и Струга не открија премногу адути за тоа што следи на 21-ви мај, односно Куп финалето кое ќе биде шанса за двата тима да си ја спасат сезоната.
Во натпреварот со кој беше отворено 31-то коло во Првата македонска фудбалска лига, Вардар ја имаше улога на домаќин на тренинг центарот „Петар Милошевски“, но оние кои пристигнаа да го гледаат мечот, нема да го паметат по нешто добро.
Резервираниот и претпазлив пристап на двата тима направи да не видиме ниту еден гол, па разочарувачката „нула“ во населба Аеродром сигурно сокри многу нешта од тоа што треба да следи за три недели.
Вардар и Струга ќе ги одмерат силите во големото финале кое се игра на 21-ви мај, а оној што ќе излезе како победник, ќе си обезбеди и учество на европска сцена претстојново лето.
Сите останати натпревари од 31-то коло се играат утре, и тоа во истиот термин од 17:00 часот.
-
НБА13 часа
Издвои две имиња: Кари посочи кои играчи се најпаметни во НБА лигата
-
Свет15 часа
Ништо од враќањето во Бенфика: Феликс ја напушта Европа и потпишува за клуб од Саудиска Арабија
-
Свет16 часа
Де Пол претставен на Флорида, Интер Мајами безопасен без Меси (ВИДЕО)
-
Свет11 часа
Тинејџери и донесоа победа на Барселона на тестот во Јапонија (ВИДЕО)
-
Шпанија9 часа
Флик за иднината на еден играч на Барселона: Ако продолжи да игра вака…
-
Италија9 часа
Клупска легенда порачува: Јувентус мора да го ангажира Санчо
-
Англија10 часа
Супер агентот Мендеш го израдува Челси со новиот трансфер на Жоао Феликс
-
Шпанија16 часа
Левандовски за неговата иднина во Барселона: За мене не е важно…