08 Август, 2025
0.0263

Крај на војната? Макрон објави дека Украина е подготвена за безусловен прекин на огнот

Објавено во: Свет 26 Април, 2025 18:50

Добивај вести на Viber

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Рим на социјалната мрежа Х објави дека Украина е подготвена за безусловен прекин на огнот.

Тој соопшти дека завршувањето на војната во Украина е цел што ја делат со американскиот претседател Доналд Трамп и дека Киев сака да соработува со Европа и САД за да постигне примирје.

„Сега е до претседателот Путин да докаже дека навистина сака мир. Ќе продолжиме со нашата работа во рамките на 'коалицијата на добронамерните', започната во Париз минатиот март, со цел да се постигне прекин на огнот и целосен и траен мир во Украина“, напиша Макрон.

Зеленски се сретна и со Трамп и британскиот премиер Кир Стармер, кој присуствуваше на погребот на папата Франциск во Рим, а Елисејската палата објави дека средбите поминале добро.

Трамп претходно изјави дека Крим ќе остане руски, според предложениот мировен план за крај на војната во Украина. Во интервјуто за магазинот „Тајм“ по повод неговите 100 дена во Белата куќа, Трамп кажа дека Русија немаше да го анектира Крим во 2014 доколку тој беше претседател на САД во тоа време.

Во средата, американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс кажа дека мировен план предвидува блокада на членството на Украина во НАТО и замрзнување на линиите на фронтот блиску до она каде што се наоѓаат сега.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Погледнете како робот спаси украински војник на фронтот

(ВИДЕО) Погледнете како робот спаси украински војник на фронтот

Еден човек загина во пожар близу Атина

Еден човек загина во пожар близу Атина

Kој живее подолго во ЕУ, жените или мажите?

Kој живее подолго во ЕУ, жените или мажите?

„Ќе направам сè што можам за да го спречам убивањето“: Трамп вели дека сè зависи од Путин

„Ќе направам сè што можам за да го спречам убивањето“: Трамп вели дека сè зависи од Путин

„БЕЗ РАЗЛИКА КАКВА КРИЗА ИМАЛО, СЕ ЗАВРШИ СО ТОА ШТО БРИСЕЛ ИМ ГИ ОДЗЕМА ОВЛАСТУВАЊАТА НА ЗЕМЈИТЕ ЧЛЕНКИ“: Орбан со шокантна изјава

„БЕЗ РАЗЛИКА КАКВА КРИЗА ИМАЛО, СЕ ЗАВРШИ СО ТОА ШТО БРИСЕЛ ИМ ГИ ОДЗЕМА ОВЛАСТУВАЊАТА НА ЗЕМЈИТЕ ЧЛЕНКИ“: Орбан со шокантна изјава

СЕЗОНА НА ОДМОРИ: Овие две земји имаат најчиста вода за капење во Европа, никогаш не би помислиле на нив

СЕЗОНА НА ОДМОРИ: Овие две земји имаат најчиста вода за капење во Европа, никогаш не би помислиле на нив

Азербејџан и Ерменија ќе потпишат договор во Белата куќа: Ќе отворат транзитен коридор именуван по Трамп

Азербејџан и Ерменија ќе потпишат договор во Белата куќа: Ќе отворат транзитен коридор именуван по Трамп

Кои се трите услови на Зеленски за да преговара со Путин и Трамп?

Кои се трите услови на Зеленски за да преговара со Путин и Трамп?

(ВИДЕО) ВАКОВ ПОЖАР НЕМАЛО ОД 1949 ГОДИНА: Oгнот е близу границата со Шпанија

(ВИДЕО) ВАКОВ ПОЖАР НЕМАЛО ОД 1949 ГОДИНА: Oгнот е близу границата со Шпанија