Свет

Јужна Кореја, САД и Јапонија одржаа заеднички воздушни вежби

Јужна Кореја, САД и Јапонија одржаа заеднички воздушни вежби денеска, со цел да ја подобрат својата трилатерална безбедносна соработка за прв пат откако претседателот Ли Џе-мјунг ја презеде функцијата претходно овој месец, објавија јужнокорејските медиуми.

Последните вежби на трите земји беа на 15 јануари, во кои учествуваа два американски бомбардери Б-1Б.

Во воздушната вежба, која се одржа над водите покрај јужниот остров Чеџу, учествуваа два јужнокорејски борбени авиони Ф-15К, шест американски Ф-16 и два јапонски борбени авиони Ф-2, соопштија јужнокорејските воздухопловни сили.

-Вежбите беа спроведени за зајакнување на безбедносната соработка меѓу Јужна Кореја, САД и Јапонија за да се одвратат растечките нуклеарни и ракетни закани од Северна Кореја и да се одржи мирот и стабилноста на Корејскиот Полуостров и во регионот, се вели во соопштението.

Воздухопловните сили на Јужна Кореја соопштија дека планираат да продолжат да одржуваат вакви трилатерални вежби врз основа на стабилниот сојуз меѓу Јужна Кореја и САД.

Најновите вежби се одржаа еден ден откако Русија соопшти дека Северна Кореја ветила дека ќе испрати илјадници воени градежни работници во западниот руски регион Курск за да помогнат во напорите за реконструкција, во услови на продлабочување на военото зближување меѓу двете земји.

To top