Велигденска магија за најмладите во Дајмонд мол

Објавено во: Мои пари 17 Април, 2025 12:49
Специјални велигденски декорации, празнична атмосфера и интересни содржини за најмладите ги очекуваат посетителите на Дајмонд мол во периодот од 18 до 22 април.
Во рамки на содржините кои го симболизираат велигденското празнување, на 18 април од 17.30 до 19.30 часот и на 19 април од 12.30 до 14.30 часот, ќе бидат организирани детски работилници за цртање на велигденски мотивиикреативно украсување на детските лица. Во истиот овој период, најмладите ќе имаат можност и да се запознаат и фотографираат со велигденското зајаче.
Покрај овие активности, посетителите ќе можат да создадат спомени и да се фотографираат во велигденскиот амбиент, секој ден од 12.00 до 20.00 часот, до 22 април. Незаборавните моменти во форма на фотографии ќе бидат достапни на профилите на Дајмонд мол на социјалните мрежи.
Велигденската програма на Дајмонд мол е дел од низата активности што трговскиот центар им ги нуди на своите посетители, овозможувајќи им нови и поинакви искуства. Во комбинација со уникатниот концепт што го има молот и понудата на врвни шопинг и гастрономски искуства, овие содржини го прават Дајмонд мол едно од омилените дестинации за уживање во различни прилики, особено со семејството и со пријатели.
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
Проф. д-р Венера Крлиу избрана за нова ректорка на Универзитетот Американ Колеџ Скопје

Со Халкбанк, пензија со помалку грижи и повеќе слобода

ФАКТОР АНАЛИЗА: Колку пари вртат, а колку заработуваат најголемите аптекарски ланци?

Групацијата „Балфин“ и „Флајинг Тајгер Копенхаген“ најавуваат стратешка експанзија во малопродажбата ширум Западен Балкан
Отворена современа читална за студентите при Медицинскиот факултет во Скопје, донација на Стопанска банка
Стипендии за средношколци од Македонија2025 – инвестирај во својата иднина!

Нов репер во компактната класа: Претставен целосно новиот Audi Q3

Твојата храброст е почеток на крајот на корупцијата
