• вторник, 15 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Сари: Не би се согласил ни на 18 милиони евра по сезона во Саудиска Арабија

Сари: Не би се согласил ни на 18 милиони евра по сезона во Саудиска Арабија

Рим, 18 јуни 2025 (МИА) - Тренерот на Лацио, Маурицио Сари, објасни зошто се вратил во римскиот клуб и ја одбил понудата од Саудиска Арабија.

- Не би се согласил ни на 18 милиони евра по сезона во Саудиска Арабија. За еден месец би можел да го заработам она што го заработувам во Лацио за една година. Но, отсекогаш сум велел дека ќе го следам срцето, а не парите. Отсекогаш сум бил во фудбалот поради страст, а сега не би сакал да го правам тоа поради пари, изјави Сари за веб-страницата на новинарот Алфредо Педула.

На 2 јуни, Лацио го објави враќањето на Сари како главен тренер. Шеесет и шестгодишниот фудбалски стручњак го замени Марко Барони. зс/

Фото. ЕПА

Остани поврзан