19 Јуни, 2025
0.0326

СИРОМАШНИ СМЕ АМА ЗА КОМУНАЛИИ НЕ: Еве колку плаќаме за сметки ние, колку во другите земји

Објавено во: Македонија 17 Септември, 2021 12:17

Добивај вести на Viber

Македонија се најде на 49 место на листата земји во светот по висината на трошоците кои граѓаните ги издвојуваат месечно за комуналните и другите услуги кои ги плаќаат. За ова, според најголемата светска база на статистички податоци Numbeo, во земјава се потребни 97 евра. На списокот на кој има ажурирани бројки, од земјите од регионот, Србија е на 32 место, а БиХ  се најде на 35 место. 

Статистиката подготвена од Нумбео се однесува на цените на услугите како што се електрична енергија, греење, вода, но и собирање ѓубре.

Статистиката ги опфаќа речиси сите земји во светот, а табелата се одредува врз основа на сумата на пари што треба да се распредели за трошоците за живот во стан од 85 квадратни метри. Според податоците, Европа, барем кога станува збор за просечните цени на основните услуги, е „најскапиот“ дел од светот за живеење.

Германија е убедливо најскапата земја по овој параметар односно граѓаните на оваа земја плаќаат околу 225 евра за сметки месечно. Меѓу топ десетте земји има само две неевропски земји, поточно Израел и Хонг Конг. Житеителите на овие држави издвојуваат 199 и 198 евра за трошоците.

Во истата табела на Нумбео, вклучени се и земјите од регионот.

Според податоците, Србија е 32 -та најскапа земја во светот кога станува збор за основните услуги, а во просек таму се издвојува по 129 евра за основни услуги во стан од 85 квадратни метри, што е приближно иста сума што мора да ја издвојат граѓаните на Јужна Кореја, Литванија и Босна и Херцеговина.

Кога станува збор за остатокот од регионот, убедливо најскапата земја за живеење е Словенија, која е на петтото место на оваа табела. За основните услуги во оваа земја, граѓаните треба да издвојат речиси 200 евра.

Другите земји во регионот се сместени нешто пониско на листата, па така Хрватска е на 20 -то место, а според податоците во оваа земја, 159 евра треба да се издвојат за комунални услуги.

БиХ е на 35 -то место со трошоци за основни услуги од 124 евра, а под Македонија која се најде на 49 место се Црна Гора на 50 -то каде што е потребно да се одвојат 95 евра, и Албанија (63), каде што трошоците се околу 70 евра.


Можеби ќе ве интересира

КОГА СОЦИЈАЛДЕМОКРАТ ЗБОРУВА ЗА ВМРО, ЕВЕ КАКО ТОА ИЗГЛЕДА: „ВМРО не е ваша сопственост, ВМРО е во генот на Македонецот“, вели Костадинов

КОГА СОЦИЈАЛДЕМОКРАТ ЗБОРУВА ЗА ВМРО, ЕВЕ КАКО ТОА ИЗГЛЕДА: „ВМРО не е ваша сопственост, ВМРО е во генот на Македонецот“, вели Костадинов

„НЕТАНЈАХУ ВОЈУВА ЗАТОА ШТО ИМА 22 КРИВИЧНИ ЗА КОРУПЦИЈА“: Аналитичарот Гајдов со став за ситуацијата помеѓу Израел и Иран

„НЕТАНЈАХУ ВОЈУВА ЗАТОА ШТО ИМА 22 КРИВИЧНИ ЗА КОРУПЦИЈА“: Аналитичарот Гајдов со став за ситуацијата помеѓу Израел и Иран

ПРЕДИЗБОРНИ МАТЕМАТИКИ: Со кого ќе коалиција партијата на Димитриевски?

ПРЕДИЗБОРНИ МАТЕМАТИКИ: Со кого ќе коалиција партијата на Димитриевски?

(ВИДЕО) „ПОТОП“ ВО ДЕЛОВИ НА СКОПЈЕ И ВЕЛЕС: Еве какво беше невремето во делови од земјава

(ВИДЕО) „ПОТОП“ ВО ДЕЛОВИ НА СКОПЈЕ И ВЕЛЕС: Еве какво беше невремето во делови од земјава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Десет повредени од пожарот во Кочани примија ПРП терапија без да патуваат до Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Десет повредени од пожарот во Кочани примија ПРП терапија без да патуваат до Скопје

КЛЕКОВСКИ: Повредените во Кочани примија ПРП терапија без да патуваат до Скопје

КЛЕКОВСКИ: Повредените во Кочани примија ПРП терапија без да патуваат до Скопје

ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: Надзорна расправа во Собранието сепак ќе има

ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: Надзорна расправа во Собранието сепак ќе има

ДВАЈЦА ВОЈНИЦИ ПОВРЕДЕНИ: Избил пожар во касарната во Тетово, завршија во болница при обид да го изгаснат

ДВАЈЦА ВОЈНИЦИ ПОВРЕДЕНИ: Избил пожар во касарната во Тетово, завршија во болница при обид да го изгаснат

Д-р. Фидановски советува: На што треба да внимавате кога сте на одмор со дете и од која возраст се препорачува крема со заштитен фактор

Д-р. Фидановски советува: На што треба да внимавате кога сте на одмор со дете и од која возраст се препорачува крема со заштитен фактор