Двегодишно дете 44 часа било заглавено – Пиело вода од капаче

|

Болни и потресни сцени постојано се споделуваат на социјалните мрежи по катаст рофалниот земјотрес кој се случи на границата помеѓу Турција и Сирија, а во кој според последните проценки заги нале над 9.400 луѓе.

Последната снимка која ги расплака сите е онаа објавена на „Твитер“ со двегодишниот Мухамет кој поминал цели 44 часа под урнатините.

На видеото може да се види како спасувачите на исцрпеното момче му даваат вода од капаче за шише.

Станува збор за момче од Сирија кое во тој момент било во Турција, пишуваат локалните медиуми.

Спасувачите продолжуваат да бараат преживеани. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган прогласи вонредна состојба во следните три месеци во 10-те региони најпогодени од земјотресот.

Видеото погледнете го со клик ТУКА.