На 28.04.2025 во 20.03 часот полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишиле од слобода С.В.(56) од Македонски Брод.
-При сообраќајна контрола на патот за с.Манастирец, Македонски Брод, било сопрено патничко моторно возило „опел”со регистарски ознаки од Македонски Брод, кое го управувал С.В., и по преземени мерки било констатирано дека С.В. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,82 промили алкохол во крвта, информира МВР.
Тој бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл.297- а од Кривичниот законик-„безобѕирно управување со моторно возило”.